ДАЛИ БИТОЛА МОЖЕ ДА БИДЕ ЗЕЛЕН ГРАД


Во рамките на подгрантовата шема на проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“ кој со поддршка на Европската Делегација го спроведуваат ЦЕД „Флорозон“ и Здружението за развој на ромската заедница, Здружението за одржлив развој БИОСФЕРА 369 работеше на темата „Дали Битола може да биде зелен град“


Истражувачката сторија е насочена кон навиките и однесувањето на биточани и се труди да најде одговор на поставеното прашање.
Во истражувачката сторија меѓу редови се провлекува примитивизмот на генерации битолчани кои под превезот на локал патриотизмот
не прават ништо на дело, не превземаат никакви акции туку во духот на некогашните „кабадаии“ чекаат некој друг да им го реши проблемот.
Истражувачката сторија е алатка за понатамошните активности со кои Здружението за одржлив развој БИОСФЕРА 369 ќе настојува да ги 
заинтригира и испровоцира граѓаните на Битола на акционо дејствување.

Истражувачката сторија можете да ја погледнете на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=zrxFr1I-QcU&feature=youtu.be

и со превод на англиски јазик:

https://www.youtube.com/watch?v=O63S39dicuo&feature=youtu.be

Со реализацијата на еколошката истражувачка сторија се даде силен импулс кон зајакнување на капацитетите на организацијата за развој на еколошкото истражувачко новинарство и соработката со електронските медиуми.

Еколошката истражувачка сторија „Дали Битола може да биде зелен град“ премиерно беше прикажана во емисијата „Пелагонија на дланка на ТВ „Орбис“ на 07.03.2017 година во попладневниот термин од 17.00 часот.





линк: