Годишна конференција на ИПА2 Mеханизам за граѓански организации (настан: 16-05-2017)


Во името на Центарот за европски стратегии ЕВРОТИНК, Центарот за истражување и информирање за животната средна Еко-свест, Реактор – истражување во акција и Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит, со задоволство Ве покануваме на годишната средба на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации.


Почитувани претставници на граѓанските организации,

Во името на Центарот за европски стратегии ЕВРОТИНК, Центарот за истражување и информирање за животната средна Еко-свест, Реактор – истражување во акција и Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит, со задоволство Ве покануваме на годишната средба на ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации.
Настанот ќе се одржи на 16-ти и 17-ти мај 2017-та година, во хотел Метропол, Охрид. Пријавувањето се врши со пополнување на формулар за пријавување.

Годишната средба претставува место каде граѓанските организации дискутираат и бараат решенија за секторските предизвици, но и споделуваат добри практики, идеи за секторска комуникација и вмрежување.
На настанот ќе бидат презентирани досега спроведените активности на ИПА 2 Механизмот, како и активностите планирани за во иднина.
Би ни претставувало особено задоволство доколку Вие или претставник на Вашата организација учествува на настанот.
Повикот за пријавување е отворен заклучно до 3 мај 2017 година. Селектираните учесници ќе бидат известени најдоцна до 5 мај 2017 година.
Во прилог официјална покана со услови за пријавување и логистички информации.

Со почит,
IPA2CSO проектен тим


линк: http://www.ipa2cso.mk/event/ipa2cso-godishna-konferencija/