Велопикник 2017 (настан: 17-09-2017)


Во недела на 17.09.2016 година, на Средно Водно на платото пред жичарницата ќе се одржи вториот велосипедски излет (ВЕЛОПИКНИК) посветен на Европската недела на мобилноста.


Во недела на 17.09.2016 година, на Средно Водно на платото пред жичарницата ќе се одржи вториот велосипедски излет (ВЕЛОПИКНИК) посветен на Европската недела на мобилноста.



На овој настан се поканети сите скопјани кои сакаат викендот да го поминат со својот велосипед, заедно со своето друштво или семејство, а на Велопикникот ќе имаат можност да ги откријат велосипедските потенцијали на парк шумата Водно и да се забавуваат на излет со музика и во друштво на истомисленици - љубители на велосипедите.

Настанот е наменет за сите старосни групи и може секој да дојде поединечно или со своето друштво, семејство, деца, пријатели, соработници, и да помине ден во природа на првиот велопикник во Скопје.

Европската недела на мобилноста е кампања за креирање на навики и алтернативи за одржлив транспорт на луѓето кои живеат во градовите. Во кампањата учествуваат 1966 градови во Европа, меѓу кои и Скопје.

Велопикникот е иницијатива за одбележување на европската недела на мобилноста на здружението за спорт и рекреација Прв до врв, со поддршка од Градот Скопје.


линк: https://www.facebook.com/events/270764423439241/?acontext=%7B%22ref%22%3A%2222%22%2C%22feed_story_type%22%3A%2222%22%2C%22action_history%22%3A%22null%22%7D&pnref=story