4та конференција за климатски промени (настан: 17-11-2017)


МКМ Институт за одржлив развој и управување со климатски промени има чест и задоволство да ја најави Четвртата меѓународна конференција за климатски промени, која ќе се одржи во хотел Сириус, Струмица, на 16 Ноември 2017 година. Организацијата на оваа Конференција е поддржана од Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија.


Земајќи го во предвид моменталниот развој на политиките за климатски промени во земјата, Конференцијата има за цел да ја вклучи науката во јавната дебата и да се олесни трансферот на знаење за критички прашања од областа на климатските промени. Целта на овогодинешната Конференција за климатски промени е да придонесе кон промовирање на Парискиот Договор за климатски промени и зајакнување на имплементацијата на Рамковната Конвенција на Обединетите нации за  климатски промени, вклучувајќи ги нејзините цели за зајакнување на глобалниот одговор на заканите од климатските промени, во контекст на одржливиот развој и напорите за искоренување на сиромаштијата. 

Апстракти и научни трудови

 Службен јазик на Конференцијата е англискиот јазик. Научните субјекти кои планираат да го дадат својот придонес, потребно е првично да достават само апстракти. Се препорачува поднесување во електронска верзија (во MS Word формат) преку e-mail. Апстрактите  треба да бидат со приближно 250 зборови и треба јасно да го нагласат научниот придонес на предложената презентација, користена Методологија/ пристап и очекувани резултати. На крајот од апстрактот, авторите треба да наведат пет (5) научни библиографски референци. Апстрактите ќе бидат прегледувани од страна на Научниот Комитет пред да бидат прифатени и одобрени за презентација. Се замолуваат авторите да наведат податоци за нивната професија, контакт детали и на која од подолу наведените теми и области се однесува нивната работа.   Рок за испраќање на апстрактите е 05.11.2017 година. Авторите чиишто апстракти се прифатени и ќе бидат презентирани, ги замолуваме да се регистрираат најдоцна до 10 Ноември, 2017


линк: http://milieukontakt.mk/2017/10/fourth-international-climate-change-conference/