Годишна средба на здруженијата на граѓани кои работат на полето на животната средина и одржлив развој во Република Македонија (настан: 18-11-2017)


Почитувани, Ни претставува задоволство по четиринаесетти пат да Ве поканиме на Годишната средба на здруженијата на граѓани кои работат на полето на животната средина и одржлив развој во Република Македонија. Средбата ќе се одржи во Хотел Сириус, Струмица 18-19.11.2017 година.


  Почитувани,

Ни претставува задоволство по четиринаесетти пат да Ве поканиме на Годишната средба на здруженијата на граѓани кои работат на полето на животната средина и одржлив развој во Република Македонија.
Средбата ќе се одржи во Хотел Сириус, Струмица 18-19.11.2017 година.
Оваа година, средбата е поддржана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и РЕЦ Македонија.
На средбата планирана е дискусија помеѓу граѓанските организации на тематски (сектори) области кои се дел од агендата на оваа средба, како и презентирање на можностите за финансирање на здруженија на граѓани. Координативното тело за соработка помеѓу граѓанските организации и МЖСПП, и одговорните лица на работните групи ќе ја презентираат работата меѓу две средби и конкретните постигнувања и активности. Секторите во координативното тело по кои беа создадени работните групи се:

  • Климатски промени
  • Одржлив развој и инвестиции во животната средина
  • Енергија/ ОИЕ
  • Воздух / Бучава
  • IPPC/EIA
  • Биодиверзитет
  • Отпад
  • ЕУ Интеграции и Законска регулатива
  Во прилог на оваа покана, Ви испраќаме линк од пријавата која треба да се пополни и испрати најдоцна до 11.11.2017 (Сабота).
Секоја организација може да пријави максимум двајца членови. Секој член треба да ја пополни пријавата одделно. Доколку бројот на пријавени учесници го надмине планираниот број, организаторот има право да одбере по еден претставник од секоја организација односно да ги покрие трошоците само за еден претставник од организација. Поради важноста на средбата, Ве поттикнуваме да пријавите учесници кои се активни членови на Вашите НВО и имаат докажано искуство во работа на полето на заштита на животната средина и конкретните теми. Доколку имате дополнителни прашања може да се обратите на zeleni@zeleni.org.mk и 070-786-808 контакт лице Марија Алексова.


линк: https://docs.google.com/forms/d/12v0UWeXXrrkkYCAcpv38vp9521V_WcgIa0-_QuZi6pQ/edit?edit_requested=true