Извиднички Поречански Одред Крсте Јон Струга (граѓанска организација)

мисија и визија


МИСИЈАТА на здружението Извиднички Поречански Одред „КРСТЕ ЈОН“ е да придонесе во образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградба на подобар свет каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството.

цели


ЦЕЛТА на здружението Извиднички Поречански Одред „КРСТЕ ЈОН“ е да придонесува во развојот на младите луѓе, во достигнувањето на нивните потполни физички, интелектуални, општествени и духовни можности како поединци, како одговорни граѓани и како членови на нивните локални и национални заедници, како и меѓународната заедница.

историјат


Извидничкиот одред “Крсте Јон” од Струга постои од 1963 година. Формиран е од страна на група студенти и љубители на природата и дружењето. Од самиот почеток на развивањето на извидничката организација на овие простори се пројавил голем интерес кај жителите на градот за развој на извидничката идеја. За време на 50-годишното постоење на оваа организацијаа, активно учество во реализирањето на нејзините активности зеле преку 7000 извидници. Многу од нив денес се угледни граѓани, интелектуалци и стопанственици во Република Македонија. Денес ИО “Крсте Јон” претставува самостојна, непрофитна, непартиска и воспитна организација отворена за сите без оглед на нивната верска, национална или расна припадност. Во ИО “Крсте Јон” членуваат деца, млади и постари лица кои преку остварувањето на програмата на организацијата се активни чинители во остварувањето на поширокиот интерес во нашата заедница. Главна мисија на ИО “Крсте Јон” е да придонесе кон развојот на младите луѓе во постигнувањето на нивните целосни физички, интелектуални, општествени и духовни можности како одговорни поединци во својата локална и национална заедница, како и во меѓународното опкружување. Во последните неколку години членовите на нашата организација се особено активни на полето на заштита и унапредување на животната средина како и во развој на еко-туризмот. Во таа насока се реализирани повеќе проекти со што ИО “Крсте Јон” / Зелен Центар се етаблира во една од водечките организации на ова поле во регионот на Струга.

информација


име на претставникот: Гогоски Ферјанчо

имејл на претставникот: marjan.glavinceski@gmail.com

датум на основање: 01/09/1962

број на членови: 100

број на персонал:

лански буџет: 30000 евра

корисник на грант од ГЕФ Програмата

активности

Едукација во областа на животната средина

Истражување во областа на животна средина

Учество на јавноста

ЕУ интеграција


Број на спроведени проекти каде вашето здружение е носител во последната година

локални: 5

регионални: 3

национални: 3

меѓународни: 1

Број на спроведени проекти каде вашето здружение е партнер во последната година

локални: 3

регионални: 1

национални: 1

меѓународни: 3

контакт


Владо Малески бб, бб
Општина Струга
Струга
6330
Macedonia

www.scout.org.mk
greencenter_struga@yahoo.com
tel. +38946785421
mob. +38971262941