Новинари за човекови права (граѓанска организација)

мисија и визија


Мисијата на НЧП подразбира јавноста да се запознае и да ги практикува почитувањата на човековите права и тоа преку: а) сензибилизација на локалната заедница за мирно решавање на конфликти; б) развивање и имплементација на програма за заштита на животната средина; в) интеграција на сиромашните и маргинализираните во локалната заедница; г) посредување, застапување, иницирање и изведување на континуирани социјални акции; д) едукација на младите за заштитата на животната средина и со тоа нивно подготвување за активно учество во проекти поврзани со животната средина; ѓ) едукација на младите новинари со мировно новинарство кое претставува основна алатка во комункацијата;

цели


- Размена на информации - Работа во мрежа - Создавање на поволни услови за (самоодржлив) развој - Работа на заеднички проект со други национални и меѓународни организации

историјат


Новинари за човекови права постои од 1996 година. Оваа НВО е невладина, непартиска и непрофитабилна организација, етаблирана во септември 1996 година, на почетокот како неформална група, за во 1999 г. да стане правен субјект регистрирана според тогашниот Закон за граѓански здруженија и фондации. Општата цел на организацијата е да се постигне поголема транспарентност и објективност во информирањето, изградба на еден вредносен систем во кој ќе се почитуваат правата на децата, еднаквоста меѓу половите, загарантираноста на женските права како човекови права и елиминирање на дискриминацијата на жената во општеството и семејството и гарантирање на правото на чиста животна средина. Целта е да ги здружува граѓаните на Македонија кои имаат за цел да ја испратат информацијата, да испровоцираат дебата и да помогнат во почитувањето на културните и моралните вредности во земјата, без разлика на верата, јазикот, полот.

информација


име на претставникот: Filip Spirovski

имејл на претставникот: detstvo@detstvo.org.mk

датум на основање: 01/03/1999

број на членови: 35

број на персонал: 5

лански буџет: 850 евра

корисник на грант од Европските институции

активности

Едукација во областа на животната средина

Здравствени аспекти на животната средина

Истражување во областа на животна средина

Управување со води

Учество на јавноста

Зајакнување на капацитети

ЕУ интеграција

Транспорт и животна средина

Енергетска ефикасност

Климатски промени

Органско земјоделство

Рурален развој

Безбедност на храна

Хемикалии и тешки метали

Одржлив туризам

Лобирање за животна средина

Ранливите групи и животната средина

Заштита на почви

Услуги во областа на животната средина


Број на спроведени проекти каде вашето здружение е носител во последната година

локални: 3

регионални: 3

национални: 3

меѓународни: 2

Број на спроведени проекти каде вашето здружение е партнер во последната година

локални: 0

регионални: 0

национални: 3

меѓународни: 0

контакт


Venijamin Macukovski 3/16, 2А
Општина Центар
Skopje
1000
Macedonia

www.jhrmk.org
detstvo@detstvo.org.mk
tel. +38970233917
mob. +38970233917