Македонско еколошко друштво (граѓанска организација)

мисија и визија


Мисијата на МЕД е да ја унапредува еколошката наука, науката за животната средина и биолошката разновидност и нивната заштита, како и да промовира еколошки оправдано користење на природните ресурси.

цели


Цели на МЕД: - промовирање на екологијата како наука; - заштита и унапредување на животната средина и природата; - ширење на еколошките знаења и унапредување на еколошкото образование; - промовирање на принципот на одржлив развој.

историјат


Македонското еколошко друштво (МЕД) претставува еколошка невладина организација формирана во 1972 година. МЕД своите цели и задачи ги остварува преку спроведување на проекти како и организирање научни и стручни собири. Покрај научно истражувачката дејност, МЕД работи на јакнење на своите капацитети преку обучување на своето членство и создавање на млади научни кадри. Со вклучување на млади еколози, биолози, агрономи, шумари, технолози и други ентузијасти во научно истражувачката работа, и нивно доусовршување преку различни обуки, магистерски и докторски студии во и надвор од државата, МЕД помага кон формирање млади кадри кои во иднина би се справувале со предизвиците на полето на екологијата, заштитата на животната средина и природата. МЕД издава научни и популарни изданија на полето на екологијата и заштитата на животната средина. Соработува со други организации и членува во бројни домашни и меѓународни здруженија и асоцијации. Македонското еколошко друштво организира меѓународни собири и конференции во нашата земја поврзани со заштитата на животната средина и тоа во соработка со признаени меѓународни организации и фондации.

информација


име на претставникот: Љупчо Меловски

имејл на претставникот:

датум на основање: 20/12/2013

број на членови: 100

број на персонал: 12

лански буџет: 0 евра

корисник на грант од ГЕФ Програмата

корисник на грант од Европските институции

активности

Едукација во областа на животната средина

Истражување во областа на животна средина

Зајакнување на капацитети

Застапување за животната средина

Заштита на природа

Биодиверзитет

Заштита на шумите

Заштита на животни

Одржлив лов и риболов

Лобирање за животна средина

Подигнување на јавна свест за животна средина


Број на спроведени проекти каде вашето здружение е носител во последната година

локални: 0

регионални: 0

национални: 0

меѓународни: 0

Број на спроведени проекти каде вашето здружение е партнер во последната година

локални: 0

регионални: 0

национални: 0

меѓународни: 0

контакт


Бул. Кузман Јосифовски Питу 28, 7
Град Скопје
Скопје
1000
Macedonia

www.mes.org.mk
contact@mes.org.mk
tel. 02 2 402 773
mob. 078 371 175
fax. 02 2 402 774