Еко-свест - Центар за истражување и информирање за животната средина (граѓанска организација)

Logo-eko-svest

мисија и визија


Мисијата на Центарот за истражување и информирање „Еко-свест“ е да информира и да промовира решенија за негативните влијанија врз животната средина во Македонија. „Еко-свест“ има визија да стане професионална организација вклучена во процесот на донесување одлуки од област на животната средина.

цели


Центарот за истражување и информирање „Еко-свест“ постои со цел да внесе промени во навиките на граѓаните, да врши мониторинг на имплементација на легислативата, да лобира, да информира за состојбите на животната средина, да застапува, да промовира авангардни ставови кои водат кон одржлив развој. „Еко-свест“ работи на поле на енергија, транспорт, климатски промени, ЕУ интеграција од аспект на имплементација на ЕУ директиви за животна средина и одржливо управување со ресурсите. Во сите овие области делува преку свои проекти, кампањи и активности, насочени кон: информирање на јавноста, подигнување на јавната свест за животната средина и за потребите таа да се зачува; и ги вклучува граѓаните во своите активности. Како организација се заложува развојните проекти финансирани од јавни пари, вклучувајќи ги и проектите на меѓународните финансиски институции да бидат сигурни по животната средина и по здравјето на луѓето.

историјат


Еко-свест е здружение на граѓани основано на 18.09.2002 година во основен Суд 1 Скопје, под регистарскиот број З.Г. 192/02. „Еко-свест“ успешно соработува со домашните и странски организации. Членка е на следните меѓународни организации: Еко- свест е иницијатор и Секретаријат на Колицијата „Натура 2000“ која брои 12 членки и е дел од работната група за учество на јавноста во процесите на донесување одлуки од област на животната средина составена од Фронт 21/42, Македонски зелен центар, Македонско еколошко друштво, Екоскоп и Еко-свест. Еко-свест е иницијатор на партнерство на граѓански организации активни во делот на програмирањето на ИПА фондовите составено од: Аналитика, Фронт 21/42, Македонски центар за европско образование, Реактор, Институт за европски политики, Центар за граѓански комуникации и Асоцијација Зенит.

информација


име на претставникот: Ана Чоловиќ Лешоска

имејл на претставникот: ana@ekosvest.com.mk

датум на основање: 18/09/2002

број на членови: 50

број на персонал: 6

лански буџет: 60000 евра

корисник на грант од ГЕФ Програмата

корисник на грант од Европските институции

активности

Едукација во областа на животната средина

Истражување во областа на животна средина

Учество на јавноста

Зајакнување на капацитети

Застапување за животната средина

Следење на трошењето на јавните пари во областа на животна средина

ЕУ интеграција

Енергетика

Енергетска ефикасност

Подигнување на јавна свест за животна средина

Здравствени аспекти на животната средина

Транспорт и животна средина

Урбан транспорт

Промоција на одржлив транспорт

Обновливи извори

Климатски промени

Заштита на природа

Биодиверзитет

Хемикалии и тешки метали

Одржливо користење на ресурси

Одржлив развој

Политики за животна средина

Поддршка на граѓаните по прашања од животна средина

Заштита од бучава


Број на спроведени проекти каде вашето здружение е носител во последната година

локални: 1

регионални: 0

национални: 4

меѓународни: 0

Број на спроведени проекти каде вашето здружение е партнер во последната година

локални: 0

регионални: 1

национални: 0

меѓународни: 0

контакт


Св. Кирил и Методиј 30, 6
Општина Центар
Скопје
1000
Macedonia

www.ekosvest.com.mk
info@ekosvest.com.mk
tel. +389(0)2321247
fax. +389(0)2321246