Асоцијација за истражување на политики Аналитика Гостивар (граѓанска организација)

Logo

мисија и визија


Мисијата и целта на Аналитика е да го шири знаењето стекнато преку истражувањето на политиките со цел да биде достапно и до пошироката публика од интерес, и преку соработката со други слични институции да влијае на процесите на креирање на политики во земјата и пошироко во регионот. Аналитика верува дека идеите имаат последици, но дека тие идеи треба да бидат промовирани енергично. Значи, постојано се обидува да најде начини да ги поддржи таквите идеи. Визијата на Аналитика е да се изгради ја Македонија и Југоисточна Европа каде што слободата, еднаквите можности, просперитетот и граѓанското општество се развиваат.

цели


Аналитика е непрофитна, независна институција посветена на помагањето на поединци и институции со цел да се поттикне трајно подобрување на демократијата и владеењето во Македонија и регионот на Југоисточна Европа. Аналитика е единствена институција за истражување на јавните политики и ‘тинк-тенк’ организација. Предлага решенија на современите проблеми преку идеите, принципите и традициите кои ја прават Македонија важно историско и геополитичко место. Посветена е на промовирање на подобра соработка и разбирање меѓу луѓето во Македонија и пошироко во регионот на Југоисточна Европа. Аналитика го постигнува ова со поддршка на поединци и институции кои работат на вакви прашања, преку свикување на лидери кои дискутираат за најитните теми, како и со истражување на начини преку кои соработката може да се справи со различни национални и регионални предизвици. Аналитика ги вреднува оние кои ја разбираат и ја споделуваат својата посветеност на толеранцијата, на дијалогот и разновидноста, и верува дека патот кон толеранцијата, соживотот, мирот и среќата минува преку толеранција, дијалог и разновидност. Вредноста на Аналитика е вкоренета во локалната традиција на филантропија во Македонија и другите места од регионот. Најважниот сегмент на Аналитика е дека Аналитика ја канализира и институционализира оваа филантропска традиција за промоција и остварување на стратешките цели на Македонија и други земји од регионот при процесот на интеграција во Евро-атлантските структури.

историјат


Аналитика спорведува истражувања на политиките и застапување во пет области: ЕУ Интеграции, Енергетика и инфраструктура, Надворешна и безбедносна политика, Миграции и Јавна администрација. Структура на организацијата: Собранието и извршниот одбор ја одредуваат стратешката насока, додека оперативните одлуки се донесуваат од Претседавачот, Претседателот и Директорот. Истражувачкиот и менаџмент координатор управува со цеколкупните активности, Истражувачите ги предводат истржувачките програми, надополнети со Веб мастер, Административен и финансиски службеник, практиканти и надворешни експерти. Истражувачките производи вклучуваат: редовни извештаи од истражувањата, брифови, билтени, итн дистрибуирани до релевантни страни и промовирани на соодветни настани. Аналитика брои 5 членови, 4 истражувачи од кои еден е и истражувачки и менаџмент координатор и 1 административен и финансиски асистент. Исто така Аналитика има и надворешни членови, од кои двајца се задолжени за дизајн и веб комуникации и еден за истражувања.

информација


име на претставникот: Соња Зубер

имејл на претставникот: sristeska@analyticamk.org

датум на основање: 17/04/2005

број на членови: 11

број на персонал: 6

лански буџет: 0 евра

корисник на грант од Европските институции

активности

Истражување во областа на животна средина

Зајакнување на капацитети

ЕУ интеграција

Транспорт и животна средина

Енергетска ефикасност

Обновливи извори

Климатски промени

Политики за животна средина


Број на спроведени проекти каде вашето здружение е носител во последната година

локални: 0

регионални: 0

национални: 14

меѓународни: 0

Број на спроведени проекти каде вашето здружение е партнер во последната година

локални: 0

регионални: 9

национални: 1

меѓународни: 0

контакт


Даме Груев 7-8, 3
Град Скопје
Скопје
1000
Macedonia

www.analyticamk.org
info@analyticamk.org
tel. +38923121948
mob. +38970556821
fax. +38923121948