Здружение за заштита на животни „Анима Мунди“ (граѓанска организација)

мисија и визија


Мисија Здружението за заштита на животните „АНИМА МУНДИ“ е здружение на граѓани создадено за да иницира заложба и јавна борба против секаков вид злоупотреба и искористување на животните од страна на човекот. Целиме кон индивидуална и колективна промена на човековата свест и информирање на граѓаните за вистинската природа на животните – битија кои чувствуваат болка, патење, страв. Веруваме дека сите живи суштества што чувствуваат имаат право на живот и слобода. Крајна цел на „АНИМА МУНДИ“ е укинување на сите облици на злоупотреба, мачење и експлоатација на животните од страна на луѓето.

цели


1. Во контекст на остварување на таа цел настојуваме за укинување и забрана на: – Убивањето и мачењето на животните во име на која било цел – кланици, лов и риболов, експерименти над животните, одгледување на животните за потребите на сите видови индустрија, искористување на животните од забавни потреби (циркуси, зоолошки градини, хиподроми и сл.) и останати себични човечки потреби. 2. Максимално ќе се ангажираме за: – Заштита на напуштените и бездомни животни, овозможување на соодветна помош и обезбедување на нивно сигурно сместување; – Заштита на сите животни во поединечни случаи на измачување и суровост; – Заштита на загрозените и заштитени видови во нивната природна средина, како и заштита на видовите кои се дел од трговија и загрозување; – Промовирање и посочување на вегетаријанство и, пред сѐ, веганство како етички и еколошки одржлив животен стил, едуцирање за вегетаријанството и веганството како здрави облици на исхрана; – Едукација на граѓаните со цел помирување на човекот и природата; – Подигање и развивање на еколошката свест и заштита на животната средина. Притоа: а) Ќе дејствуваме и ќе ја шириме свеста за поврзаноста помеѓу човекот и животните и за нивната вистинска природа како суштества што чувствуваат болка и страв; б) Ќе организираме едукативни кампањи со кои низ информирање и дружење ќе влијаеме врз свеста за заштитата и правата на животните и нарушувањето на тие права: – организираме јавни дебати и трибини – дејствуваме преку медиуми – дистрибуираме пропагандни материјали – организираме мирни протести – организираме потпишување петиции и пишување на протестни писма; в) Ќе ја информираме домашната и меѓународната јавност за состојбата на животните; г) Ќе се заложиме за кривично гонење на поединци, групи или институции одговорни за кршење на законите кои ги штитат животните; д) Со своето дејствување ќе го поддржуваме донесувањето закони кои на животните им гарантираат слобода на живот и слобода според нивниот вид; ѓ) Ќе информираме и лобираме на градско, државно и интернационално ниво со цел да се слушне прифати и соодветно организира заштитата на животните; е) Ќе соработуваме со локални, национални или меѓународни организации со кои имаме исти цели и делиме исти заложби.

историјат


Мисија Здружението за заштита на животните „АНИМА МУНДИ“ е здружение на граѓани создадено за да иницира заложба и јавна борба против секаков вид злоупотреба и искористување на животните од страна на човекот. Целиме кон индивидуална и колективна промена на човековата свест и информирање на граѓаните за вистинската природа на животните – битија кои чувствуваат болка, патење, страв. Веруваме дека сите живи суштества што чувствуваат имаат право на живот и слобода. Крајна цел на „АНИМА МУНДИ“ е укинување на сите облици на злоупотреба, мачење и експлоатација на животните од страна на луѓето.

информација


име на претставникот: Столе Велковски

имејл на претставникот: anima.mundi.sk.mk@gmail.com

датум на основање: 01/01/2011

број на членови: 90

број на персонал:

лански буџет: 0 евра

активности

Заштита на животни


Број на спроведени проекти каде вашето здружение е носител во последната година

локални: 0

регионални: 0

национални: 0

меѓународни: 0

Број на спроведени проекти каде вашето здружение е партнер во последната година

локални: 0

регионални: 0

национални: 0

меѓународни: 0

контакт


Ордан Пиперката 0, 33
Општина Гази Баба
Скопје
1000
Macedonia