Здружение за заштита на животната средина ПЛАНКТОНИУМ Скопје (граѓанска организација)

мисија и визија


Заштита на животната средина,и заштита на ретките ресурси.Користење на обновливи извори.Пред се чиста и здрава животна средина

цели


Основни цели и задачи на Здружението се: помагање во борбата против загадувачите и загадувањето на животната средина, како еден голем предизвик поставен пред нас, современиците на развојот на државата и сведоци на континуитетот на секојдневните промени во начинот на живеење и делување кај нас.Во оваа смисла, примарна цел на Здружението е проблемот на животната средина да се третира во најширок можен контекст: едукација на населението за овладување на начинот на однесување кон животната средина во целост и развивање на еколошката свест од најмала возраст, помагање во имплементирањето на националните закони, енергетска ефикасност и свеста за климатските промени, пошумување на голи површини, сеопфатна грижа за водените еко-системи т.е. се што значи поддршка на заштитата на животната средина, отпадот како проблематика со сите свои сегменти и заштита на животната средина и природата,подигнување на јавната свест.

историјат


Спроведени се проекти кои даваат големо значење во подигнување на јавната свест кај најмладата популација како таргет група во заштита на животната средина и постапување со отпадот.БИДИ ИН КОРИСТИ РИСАЈКЛ БИН е носечки проект на ПЛАНКТОНИУМ Скопје со цел заштита на животната средина и правилно постапување со отпадот преку најмладите,нивна едукација и понатамошен бенефит од правилниот начин на постапувањето со отпадот. Правна и експертска помош кон компаниите и физичките лица во Р.М во областа на животната средина. Во рамките на нашето здружение имаме 3 лица Управители со отпад и едно лице кое е дел од Листата на експерти за оценка на влијанијата врз животната средина,како такви поседуваме искуство и знаење за подршка на пошироката јавност во Р.М.

информација


име на претставникот: Елена Митровска

имејл на претставникот: contact@planktonium.mk

датум на основање: 01/10/2002

број на членови: 15

број на персонал: 0

лански буџет: 0 евра

активности

Едукација во областа на животната средина

Здравствени аспекти на животната средина

Истражување во областа на животна средина

Застапување за животната средина

Правна помош во областа на животната средина

Енергетска ефикасност

Обновливи извори

Заштита на природа

Отпад

Комунален отпад

Опасен отпад

Електричен и електронски отпад

Отпад од индустрија

Историско загадување

Хемикалии и тешки метали

Одржливо користење на ресурси

Политики за животна средина

Поддршка на граѓаните по прашања од животна средина

Лобирање за животна средина

Ранливите групи и животната средина

Подигнување на јавна свест за животна средина


Број на спроведени проекти каде вашето здружение е носител во последната година

локални: 8

регионални: 0

национални: 0

меѓународни: 2

Број на спроведени проекти каде вашето здружение е партнер во последната година

локални: 0

регионални: 0

национални: 0

меѓународни: 0

контакт


ул.Доситеј Обрадовиќ 17, 5
Општина Кисела Вода
Скопје
1000
Macedonia

www.planktonium.mk
contact@planktonium.mk
tel. 078 22 57 24
mob. 078 22 57 24